ФОТО | ОВА Е НАЈУБАВИОТ АВТОМОБИЛ ЗА 2023 ГОДИНА – Во жирито беа и директорите на “Мерцедес“ и “Ауди“, но дали се согласувате со нивната одлука ?

Престижната награда за најубав дизајн на сериски автомобил во 2023 година ја доби шведскиот „Polestar 4“ – електричен џип. 

Оваа награда ја додели жири составено од професионални дизајнери на автомобили, а веста е објавена во најновото печатено издание на Car Design Review, во сопственост на Car Design News.

Во овогодинешното жири од 16 члена се вклучени директорите на дизајн од „Audi“, „Ford“, „Lamborghini“, „Lucida“ и „Mercedes“.

Polestar 4

Ниту еден судија не смее да гласа за сопствен дизајн, па дури и за автомобили од други брендови во нивната група, така што процесот на гласање е што е можно пофер.

Polestar 4‘ е препознатлив и различен. Неговиот храбар дизајн е направен со вкус и се гледа дека размислувале за секој детал“, се вели во одлуката на жирито.

Polestar“ е основан во 1996 година, а „Volvo“ го купи во 2015 година. Профилиран е како бренд кој е посветен на електрични возила кои го следат врвниот минималистички дизајн и иновативната технологија.

Polestar 4

автомобил