ФОТО | Ова е најубавиот мал град во светот! Еве како изгледа и каде се наоѓа, а на листата се најде и еден убав град од Балканот кој сите го сакаме!

Магазинот Conde Nast Traveler објави листа на најубавите мали гратчиња во светот, меѓу кои имаше места од различни делови на светот, од Бразил, Канада, Јапонија, па се до Балканот односно Словенија.

Списокот е направен од нивните уредници, а она што го земале во предвид при изборот на најубавите мали гратчиња се калдрманите улици, колонијалната архитектура, неверојатните погледи итн.

Речиси секоја земја на планетата има мал град што вреди да се бара, од историски села во Јапонија до пустинската оази во Египет. Без понатамошно одложување, ова се најубавите мали градови во светот“, се вели во написот.

Според нив најубав мал град односно град кој најмногу им се допаднал е малиот град Албарасин во Шпанија. Се наоѓа во провинцијата Теруел, а според пописот од 2018 година има население од 1.016 жители.

Овој изолиран планински град покрај реката Гвадалкивир е главен кандидат за титулата најубав мал град во Шпанија, со розови и портокалови згради кои беспрекорно се вклопуваат во карпестата околина. Местото е уникатно благодарение на неговата историја и муслиманските и христијанските влијанија – каде на друго место можете да најдете готски катедрали и урнатини од замок во истиот мал град” стои во описот на овој град.

На списокот се најде и Блед во Словенија.

Има причина зошто езерото Блед е едно од најпопуларните места во Словенија. Со своите смарагдни води, местото преполно со цркви, погледот на Алпите и замокот од XII век на ридот, нема да ви недостасуваат совршени погледи .Околниот град Блед е исто толку шармантен“, пишуваат тие за овој град.

На листата се и градовите Бан Рак Таи во Тајланд, Банос во Еквадор, Биеи во Јапонија, Бокас дел Торо во Панама, Есперанс во Австралија, Гордес во Франција, Халштат во Австрија, Ируја во Аргентина, Ламу во Кенија

светубавина