Контроверзниот рапер Канје Вест не престанува да ја шокира јавноста! Откако шеташе бос во Италија и практикуваше орален секс во Венеција, Канје Вест сега отиде чекор понатаму. Тој ги извадил сите заби и ги заменил со протези од титаниум. Извори за британскиот таблоид Daily Mail тврдат дека Канје Вест сам ги дизајнирал протезите и дека се „поскапи од дијамантите“.
Вкупната цена наводно е околу 850 илјади долари, а протезата ја поставил доктор Томас Конели од Беверли Хилс. Канје Вест бил инспириран од ликот на актерот Ричард Кил од филмовите за Џејмс Бонд, кој е познат по своите метални заби.
„Беше задоволство да се работи на секој чекор од овој процес. Визијата на Канје Вест за дизајнирање уникатна уметност оди подалеку од стоматолошката прогресија“, изјавил стоматологот за Daily Mail.
Во 2010 година, Канје Вест тврдеше дека ги заменил долните заби со дијаманти и злато, изјавувајќи:
„Тоа е нешто што се очекува од рок ѕвезда“.
Неговата ќерка Норт Вест, која ја доби во брак со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, на својот профил на социјалната мрежа Тик Ток исто така сподели дека ставила забен накит на забите. 10-годишното девојче направи селфи и ги покажа своите блескави циркони.