Убиениот Орхан Бајрами познат како Оки, е дел од скопска мафија која неколку пати досега била инволвирана во вооружени инциденти. Оки беше дел и од престрелката која се случи кај хотелот Александар Палас во Скопје, објави порталот 4news.mk.
Како што дознава 4NEWS.mk, од досегашни извори во истрагата, станува збор за расчистување на сметки меѓу криминални групи во Скопје.
– Пред само еден месец, Оки беше поврзуван и со убиство во Косово на македонски државјанин, а пред три месеци пак беше убиен негов пријател во старата скопска чаршија, објави порталот, пренесува Курир.
Според првите информации, шокантниот инцидент се случил околу 3 часот и 30 минути кога двајца напаѓачи со качулки на главите пристигнале во резиденцијата што ја изнајмиле жртвите од Скопје во познато летувалиште Ханиотис и отвориле оган врз нив.
Според истите извори, двајцата сторители наводно биле на мотор. Случајот го истражува полицијата.