Првите патници превезени од американската компанија Virgin Galactic пристигнаа во четвртокот во Вселената, објави компанијата основана од милијардерот Ричард Бренсон, со што го исполни ветувањето дадено пред дваесет години.
Тројца патници – Џон Гудвин (80 г.), Кеиша Шахаф (46 г.) и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18 г.) – поминаа неколку минути во вселената, од каде можеа да се восхитуваат на Земјата и накратко да лебдат во бестежинска состојба, покажува видеото на компанијата.
Оваа мисија наречена „Galactic 02“ е втор комерцијален лет на компанијата, по првиот реализиран на крајот на јуни.
Џиновскиот носач на авиони полета од конвенционалната писта во Ново Мексико и по фазата на искачување лансирал летало на ракетен погон налик на голем приватен авион.
Вториот потоа го вклучил моторот и забрзал вертикално додека не надминал надморска височина од 80 километри – што американската војска го смета за граница од која започнува вселенскиот простор. Леталото достигнало височина од 88 километри, кажал коментаторот на видеото во живо.
Леталото набрзо го започнал лебдечкото спуштање, а потоа слетал на истата писта.
Кеиша Шахаф и нејзината ќерка Анастатија Мајерс од Карибите го освоија билетот на натпревар организиран од Virgin Galactic.
Третиот патник, Британецот Џон Гудвин, учествувал на Олимписките игри во 1972 година. Тој боледувал од Паркинсонова болест и е вториот човек со оваа болест што бил во вселената. Иако има 80 години, тој не е најстариот патник. Таа титула му припаѓа на Вилијам Шатнер, стар 90 години.
Околу 800 клиенти купиле билет за патување во Вселената по цена која прво била од 200.000 до 250.000 долари, а подоцна се зголемила на 450.000.