Во моментов една од најуспешните жени во светот Тејлор Свифт го прослави својот 34. роденден организирајќи забава во Њујорк.
Пејачката, која неодамна беше прогласена за личност на годината од угледниот Time, на својата забава се појави во придружба на пријателката Блејк Лајвли, која доминираше во црн кожен фустан.
Блејк Лајвли предизвика голема врева со својот жежок стајлинг, но целото внимание сепак беше насочено кон роденденската славеничка, која и самата дојде во спектакуларно издание. Тејлор Свифт се појави во краток фустан, исто така црн, наречен „Night Lucina“, потпишан од модната куќа „Clio Peppiat“.
Фустанот е во А линија, со светкави мотиви на небесни тела, чиј најефективен детал беше месечината која ѕирка од зад облаците, а ова ја чинеше пејачката 2.400 долари.
Пејачката го комбинираше прекрасниот фустан со сандали и чанта од брендот „Aquazurra“, а двете парчиња се украсени со кристали и се многу импресивни. Пејачката за нив потрошила вкупно 2.705 долари.