Фаталната Романка, Мадалина Генеа, го украде целото внимание на премиерата на филмот „Killers Of The Flower Moon“ во Кан. Според многумина, најубавата Европејка на црвениот тепих пристигна во фустан со длабок шлиц, а долгите нозе дополнително ги истакна со високите потпетици.
Мадалина Генеа, родена во Слатина, Романија, кариерата ја започнала на само 15 години, кога ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони. Благодарение на нејзината убавина и талент, таа учествуваше во бројни модни кампањи и ревии, но не секогаш изгледаше вака. Многумина ја критикуваа за пластични операции, но една од најпосакуваните жени на светот и покрај критиките шармираше многу познати мажи во нејзиниот живот.
Пред неколку години во неа се заљуби и холивудскиот заводник Џерард Батлер, но нивната врска не успеа, како и онаа со уште еден познат актер Леонардо ди Каприо. Таа беше во врска и со дизајнерот Филип Плејн, а и се додворуваше богатиот трговец со уметнички дела Вито Шнабел, но се чини дека врската беше многу краткотрајна бидејќи поранешното момче на Хајди Клум подоцна беше видено со Ирина Шајк.
Мадалина Генеа е и горда мајка на малото девојче кое го имала за време на врската со романскиот бизнисмен Метев Стратан. Наводно, проблемите со бившиот партнер започнале со раѓањето на детето и набрзо ставиле крај на романсата.
Според последните информации, убавицата во последно време нешто ’мати’ со бугарскиот тенисер Григор Димитров.