ФОТО | Откако итно заврши во болница, Мадона за прв пат објави трогателна порака: “Сега го видов она што никогаш порано не го видов…“

Мадона им напиша трогателна порака на своите деца еден месец откако беше итно хоспитализирана поради бактериска инфекција која ги вознемири нејзините верни обожаватели.

Љубовта кон семејството и пријателите е најдобриот лек“, напиша 64-годишната пејачка во неделата на социјалната мрежа Инстаграм, заедно со неколку фотографии од нејзиниот син Дејвид Банда и ќерката Лурд.

Видов страна од нив каква што досега не сум ја видела. Тоа ми беше важно“, напишала пејачката за своите деца.

Погледнете ја објавата и фотографиите ОВДЕ.

Безвременската Мадона им се заблагодари на своите деца за поддршката и истакна дека како родител мора да се справите со потребите на вашите деца и со навидум бескрајните барања, но нејзините деца навистина се докажале во овие моменти. Да потсетиме, покрај Дејвид и Лурд, „кралицата на попот“ е и мајката на Роко (22 г.), Мерси (17 г.) и 10-годишните близначки Стела и Естера.

Како што ексклузивно објави магазинот Page Six, Мадона била итно пренесена во болница во Њујорк на крајот на јуни, откако била пронајдена во несвест во нејзиниот дом, а покрај неа цело време биле Дејвид и Лурд.

Инаку, Мадона со недели напорно се припремала за нејзината претстојна турнеја пред да се случи несреќата

Работеше по 12 часа на ден. Напорно вежбаше и вложи сè во својата работа“, изјави тогаш извор за Page Six. Американскиот дел од турнејата која требаше да започне наесен е одложен, а сега се очекува напролет да започне турнејата по повод 40-те години од кариерата на една од најголемите поп ѕвезди во светот.

Познатата музичарка се уште не ги открила деталите за хоспитализацијата, но сподели видео од танцување во нејзиниот дом, што многу ги изненади нејзините следбеници.

животздравјеМадона