ФОТО | ОТКРИЕНА БАЗА ПОЛНА СО РУСКИ НУКЛЕАРНИ ОРУЖЈА ВО БЕЛОРУСИЈА! Сателитски снимки ја откриваат локацијата каде се наоѓаат моќни ракетни системи

Комерцијалните сателити на компанијата Maxar објавија сателитски снимки од воен хангар во Белорусија каде се распоредени ракетните системи Iskander M, кои носат тактичко нуклеарно оружје.

Сателитските снимки покажуваат дека ракетните системи 9К720 Iskander M опремени со тактички нуклеарни боеви глави се откриени во воената база Јужни во регионот Моглиев во централна Белорусија.

На сателитската снимка се гледаат неколку ракетни системи паркирани среде новоизградените големи хангари.

Имено, кога ги споредиле сателитските снимки од 18. август 2022 година, на просторот на сегашниот хангар може да се забележи зелена површина, додека на најновите снимки се гледа хангарот и бетонирана површина.

Сателитските снимки покажуваат дека изградбата започнала во октомври 2022 година и била завршена во април 2023 година.

Сателитска снимка направена од Maxar на 4. јули 2023 година покажува нешто што изгледа како четири 13-метарски фрлачи на Iskander M (и/или транспортери) и две помали возила за поддршка пред гаражата. Одделот за складирање проектили на еден од фрлачите е отворен.

База Јужни во регионот Моглиев, централна Белорусија

Базата Јужни е на 12 километри од складиштето за воено оружје за кое Западот тврди дека станал магацин за руско тактичко нуклеарно оружје и 16 километри од оперативната база на воената компанија Вагнер во селото Таргет.

База Јужни во регионот Моглиев, централна Белорусија

Инаку, како што се наведува, базата е и дом на 465-та ракетна бригада на белоруската Армија, која е опремена со ракетни системи од типот Iskander M кои имаат нуклеарни боеви глави.

БелорусијаВагнерМоглиевРусија