ФОТО | Откриено каде се ‘кријат’ членовите на групата Вагнер – протекоа и првите снимки! Александар Лукашенко сака да ги искористи но, сите се плашат од ова сценарио!

На социјалните мрежи кружат фотографии од кампот на групата Вагнер во Белорусија.

За потсетување, американскиот сателит Planet Labs на 29. јуни направи фотоградии на кои се гледа забрзана изградба на објекти во напуштена воена база во Белорусија. Пред тоа, поранешниот началник на британската Армија, лорд Данат, изјави дека се плаши дека тоа може да значи дека Вагнер ќе го нападне Киев од Белорусија.

Претходно неколку белоруски медиуми објавија дека биле изработени 298 шатори кои се гледаат и на сателитските снимки од кампот. Секој шатор може да прими 30 луѓе. Според пресметката, во тој камп наводно има околу 8.940 припадници на групата Вагнер.

Со оглед на фактот дека некои од шаторите имаат комунални намени, можеме да кажеме дека кампот може да прими околу 8.000 луѓе“, пишуваат тамошните медиуми

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој одигра клучна улога во смирувањето на тензиите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кажа дека – „Белорусија не гради кампови за Вагнер, туку ќе им помогне со станови доколку е потребно“. Според медиумите, Александар Лукашенко наводно сака да го искористи престојот на Вагнер за неговата војска да помине дополнителна обука.

Сè уште не градиме кампови. Но, ако сакаат, ќе ги сместиме. Поставете шатори ако сакате. Но, засега тие се во Луганск во нивните кампови. Им понудивме еден од напуштените кампови. Добредојдени се, оградата е таму, се е на свое место. Ставете шатори. Ќе им помогнеме колку што можеме додека не одлучат на што ќе се посветат“, изјави Александар Лукашенко.

БелорусијаВагнервојнаРусијаУкраина