ФОТО | “ОТСЕКОГАШ САКАВ ДА УБИВАМ“ – Пронајдени и објавени ужасни пораки од масовниот убиец во Прага кои ја замрзнуваат крвта во вените

По масовното пукање на Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Чарлс“ на плоштадот „Јан Плач“ во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, а повеќе се ранети, напаѓачот беше елиминиран, а на социјалната мрежа Х (Твитер) се појави наводна порака од убиецот пред да го изврши делото, а момчето беше идентификуван како – Дејвид Козак.

Имено, тој прво се претставил на непозната веб-страница, а потоа објаснил што ќе прави, и зошто. Застрашувачкиот текст, кој го објавил неколку часа пред масовното пукање, ја замрзнува крвта во вените.

Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам хитмен. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прават масовни убијци отколку сериски убијци. Седнав… чекав… сонував… сакав.. Како токму навреме да ми дојде на помош од небото“, напишал наводно тој во првиот дел од својот „дневник“.

Како што дообјаснува масовниот убиец, профилот на кој е објавено неговото писмо најверојатно нема да се најде на социјалната мрежа Х (Твитер) повеќе, бидејќи му се заканува забрана од самата платформа.

Дејвид Козак

На самиот крај тој објаснил дека ова ќе биде профил, односно место каде што ќе пишува за својот живот.

Дејвид КозакнападПрагаЧешка