ФОТО | “ПАК СИ ПИЈАНА…“ – Србија во шок поради објавата на Ана Брнабиќ, граѓаните гневни, рекации пристигнуваат и од странство: “Зарем ова е премиер на држава !?“

Многу сме повеќе од минатиот пат. Уште малку и ќе бидеме на Газела!“ – објави синоќа премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на социјалната мрежа Твитер со монтирана фотографија на која се умножени луѓето околу неа односно српскиот претседател Александар Вучиќ и на министерот за финансии Синиша Мали. 

Таа со објавата навести дека се фотошопирани фотографиите од вториот протест „Србија против насилството“, на кој се собраа десетици илјади луѓе и го блокираа мостот Газела каде што бараа оставка од Александар Вучиќ.

Собирот беше организиран по страшните злосторства што ја потресоа соседната земја минатата недела – масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ и масакарот во селото Дубона кај Младеновац. Во овие две трагедии животот го загубија 17 лица, а ранети беа 20. Овие настани ја потресоа цела Србија и ги поттикнаа граѓаните да излезат на улица со барање за смена на раководството на Радио телевизија на Србија и повлекување на националните фрекфренции на телевизијата Пинк и Хепи, како и забраната на таблоидите кои промовираат насилство. Како што тврди Nova.rs, ова бил најмасовниот протест откако Српската напредна партија (СНС) дојде на власт во 2012 година.

И покрај тоа, Ана Брнабиќ се потсмева на протестите со нејзината монтирана фотографија. Ова предизвика лавина негативни реакции кон премиерката на Србија, па објавата беше коментирана повеќе од 1.600 пати, а коментарите пак беа осудувачки, украсени со стандардни епитети на гнев, премногу навреди итн. Дури и надвор од границите на Србија луѓето беа изненадени, не веруваа дека ваква порака испраќа премиер на една држава. Корисниците на социјалната мрежа Твитер почнаа да објавуваат свои фотографии и видеа направени на демонстрациите, што сведочат за нивната масовност.

Црн хумор на сметка на луѓето кои жалат за изгубените. Дали им е смешно ова на вашите гласачи !?“, гласел еден од коментарите под објавата.

Познатиот српски водител Иван Ивановиќ беше особено остар кон Ана Брнабиќ поради објавата.

Пак си пијана, па те држат. Среќен тим – претседател, премиер и министер. Ги чуваат своите луѓе надвор од кафаната. По ѓаволите“, реагираше тој.

Во прилог погледнете каква беше атмосферата во центарот на српската престолнина претходниот ден!

Белград, Србија
Белград, Србија
Белград, Србија
Ана БрнабиќБелграддемонстрацииСрбија