Холивудската актерка Софија Вергара изгледа повторно се бакнува… Судејќи според најновите папарацо фотографии, убавата Колумбијка е видена на вечера со маж за кој магазинот Page Six дозна дека е ортопедскиот хирург Џастин Салиман.
51-годишната актерка и угледниот доктор биле видени како се упатува на вечера во Беверли Хилс, Калифорнија, а Софија Вергара за таа пригода носела црн корсет од тантела, панталони и потпетици, додека докторот беше облечен во фармерки и кошула.
Да потсетиме, Софија Вергара и актерот Џо Манганиело во јули годинава објавија дека се разведуваат по седум години брак.
„Ние ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека се движиме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, рекоа тие во заедничка изјава.