ФОТО | ПАПАРАЦО-НОВИНАРИТЕ ЈА ‘УЛОВИЈА’ – Софија Вергара снимена на вечера со познат хирург

Холивудската актерка Софија Вергара изгледа повторно се бакнува… Судејќи според најновите папарацо фотографии, убавата Колумбијка е видена на вечера со маж за кој магазинот Page Six дозна дека е ортопедскиот хирург Џастин Салиман.

Џастин Салиман

51-годишната актерка и угледниот доктор биле видени како се упатува на вечера во Беверли Хилс, Калифорнија, а Софија Вергара за таа пригода носела црн корсет од тантела, панталони и потпетици, додека докторот беше облечен во фармерки и кошула.

Софија Вергара

Да потсетиме, Софија Вергара и актерот Џо Манганиело во јули годинава објавија дека се разведуваат по седум години брак.

Ние ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека се движиме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, рекоа тие во заедничка изјава.

животљубовСофија Вергара