Хрватскиот телевизиски водител Роберт Књаз на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели дека во својата нова епизода на неговата емисија „Knjazališta“ ќе биде домаќин на пејачот Петар Грашо.
„Нашиот омилен Петар Грашо ја менува сцената за кора за пица во новата епизода на ‘Knjazališta‘. Петар Грашо ќе стане пица мајстор за еден ден. Понеделник во 20:15, ви ветуваме мелодичен микс од влечење сирење и фрлање тесто“,се вели во објавата на Роберт Књаз кој сподели и серија интересни фотографии од балканската ѕвезда во престилка и во кујна, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.
Обожавателите на Петар Грашо беа видно изненадени од неговиот изглед во улога на кувар. Петар Грашо на фотографиите носи црвена престилка со натпис „Правам пица триаголник“.