Том Круз во неделата пристигна во Сиднеј со колегите на промоцијата на неговиот нов филм од серијата „Mission Impossible“, а славниот 60-годишник бил одлично расположен и цело време со задоволство позирал пред фотографите.
Актерот бил облечен лежерно, но стилски и урбано – се одлучил за темни тексас фармерки, кожна јакна, моторџиски чизми и едноставна маица со V-деколте.
Но, како и обично, најмногу внимание привлече лицето на Том Круз – јасно е дека посегнува по естетски корекции. Неговото лице на моменти делувало „замрзнато“ – се чинело како да се напрега да се насмее или да направи каков било израз на лицето, а во исто време имал и малку лут поглед.
Долго време се шпекулираше дека актерот потрошил преку 50.000 долари на разни козметички зафати на лицето, се со цел да му застане на патот на стареењето. Ако ги споредиме неговите сегашни фотографии со оние од 2017 година, промената во неговиот карактер е очигледна.
„Том Круз можеби потрошил до 50.000 долари на козметички третмани со текот на годините. Сè на сè, мислам дека Том Круз штотуку почнува со серија операции. Ако ботоксот се нанесува интензивно, тогаш веѓите може да паднат, а сето тоа ми се чини дека е доста ботокс на неговото чело“, изјавил д-р. Ричард Вестрајх, пластичен хирург, пред неколку месеци.
Експертите исто така веруваат дека Том Круз имал и функционална ринопластика, третмани со ласер, како и дека му била извршена липосукција на пазувите и инјекции со филер во пределот на јаболчниците. Конкретно, „боде“ во очи фактот што образите на Том Круз се полни.