Јелена Ѓоковиќ каде и да се појави го привлекува вниманието на јавноста, а со изборот на вистинските модни комбинации го изгради својот препознатлив и непогрешлив стил.
Таа со години добиваше одлични пофалби за нејзината облека и стана многу забележлива во ВИП ложата на тенискиот терен. Слободно можеме да кажеме дека стана една од најстилските дами во тенискиот свет кога се во прашање сопругите на тенисерите.
На последното финале на Новак Ѓоковиќ на УС Опен, ја видовме во прекрасен фустан со природен изглед, а се сеќавате ли како изгледаше во финалето кога Србинот ја освои својата прва титула ?
Тоа беше во 2006 година во Холандија на АТП турнирот во Амерсфорт. Новак Ѓоковиќ од ложата го следеа неговата тогашна девојка Јелена Ристиќ, а денешна сопруга Јелена Ѓоковиќ, како и неговиот тренерот Марјан Вајда.
Јелена Ристиќ, како што е нејзиното моминско презиме, која тогаш имала 20 години, носела обична розова маица и фармерки со ремен, а носела и ланче и секако уште тогаш го нагласуваше природниот изглед на кој му е верна со години.
Она што не се промени е нејзината насмевка и таа со нетрпение ја очекува секоја победа на Новак Ѓоковиќ.
Бидејќи таа е природна и е со него од почетокот на неговата кариера, не е изненадување што го освои неговото срце.