Израелската војска погоди повеќе од 500 цели на организацијата Хамас и Исламски Џихад во текот на ноќта, се вели во воено соопштение, при што некои офицери нападот на Хамас го нарекоа „израелски 11. септември“.
Воздушните напади врз Појасот Газа продолжија во текот на утрото во понеделникот. Новинар на AFP зборува за густи облаци чад над Појасот Газа.
Социјалните мрежи се преполни со фотографии и видеа од срамнети згради со земја. Палестинските здравствени власти соопштија дека 413 лица се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелските воздушни напади.