ФОТО | ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ‘СЛОБОДАТА НА ГОВОР’ ВО РУСИЈА – Новинарка и адвокат брутално и дивјачки нападнати во Чеченија: “И ги скршиле прстите, и ја избричиле главата…“

Угледна руска новинарка и адвокат се здобиле со сериозни повреди во напад во кој неколку маскирани лица насилно го запреле нивниот автомобил. Инцидентот се случил во вторникот во руската област Чеченија, јавува Al Jazeera.

Елена Милашина, позната новинарка од весникот Gazeta, патувала со адвокатот Александар Немов во главниот град на Чеченија, Грозни, од локалниот аеродром кога биле нападнати. Елена Милашина и Александар Немов планирале да присуствуваат на судското рочиште подоцна во вторникот, но тие сега се во болница во Грозни.

Елена Милашина

Напаѓачите и ја избричиле главата на Елена Милашина, и скршиле неколку прсти и и ја прекриле главата со зелена боја, соопшти организацијата за човекови права Меморијал.

Ги удирале со клоци по лицето, им се заканувале со смрт, им држеле пиштол на главите, им ја одзеле и им ја скршиле опремата. Додека ги тепале им рекле дека се предупредени и да излезат оттаму, а им било забрането да пишуваат било што“, соопштуваат од организацијата.

На фотографијата од Елена Милашина објавена на социјалните мрежи се гледа како новинарката седи на болнички кревет со лицето покриено со зелена боја, со избричена глава и со завои на левата и десната рака.

Елена Милашина

Елена Милашина има скршеници на прстите, понекогаш губи свест и има модринки по целото тело, додека Александар Немов е прободен со нож во ногата“, велат од организацијата.

Напаѓачите јасно им ставиле до знаење дека се казнети поради нивниот активизам и известување. Тие пристигнале во Чеченија за да ја следат судската пресуда на Зарема Мусаева, Чеченка обвинета за напад на полицаец.

Александар Немов

Минатата година, рускиот суд и ја одзеде медиумската лиценца на весникот Gazeta, за што неговиот директор Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир, кажа дека тоа е политички мотивиран потег. Во таа медиумска компанија, шест новинари и соработници ги загубија животите од 2000 година, меѓу кои и истражувачката новинарка Ана Политковскаја – жесток критичар на политиката на Кремљ, која беше убиена во 2006 година.

Елена Милашина тргна по нејзините стапки фокусирајќи се на прекршувањето на правата во Чеченија и заврши скршена. Некои руски пратеници и официјални претставници на Москва го осудија нападот и рекоа дека треба да се истражи.

Државната медиумска агенција РИА Новости го цитираше Мохамад Ахмадов, чеченски сенатор, кој кажа дека верува оти чеченскиот водач Рамзан Кадиров ќе ја разгледа целата ситуација. Елена Милашина, која истражувала масовни апсења и тортура на хомосексуалци во регионот, била евакуирана од регионот минатата година од страна на весникот, откако Рамзан Кадиров ја опиша како терорист во објава на социјалните мрежи.

Рамзан Кадиров ги негира прекршувањата на правата, тврдејќи дека таквите изјави се измислени од злонамерни актери кои се обидуваат да ја дискредитираат Чеченија и нејзините власти.

инцидентнападновинариРусијаЧеченија