Два стана се зафатени од пожар, кој избувна попладнево во 16:45 часот на булеварите „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, спроти Зелениот пазар. Огнот зафатил станови на вториот и третиот кат.
Според информациите на пожарникарите, нема повредени лица бидејќи на време се евакуирале. Пожарникарите интервенираа со две екипи.
„Кај нас пожарот е пријавен во 16:45 часот, а интервениравме до 17:49 часот со две возила, шест пожарникари. Огнот зафати два стана на вториот и третиот кат. Успеавме да ги изгаснеме. За среќа нема повредени“, изјави командирот на смена од ТППЕ Куманово, Сашо Илиевски.
Пожарот е изгаснат, а причините допрва ќе се утврдуваат. СВР Куманово ќе изврши увид.