44-годишната актерка Кејт Хадсон го поминала викендот лежејќи покрај базен со своите деца и без горен дел од костим за капење односно топлез.
„Сонцето излезе, задникот и телото #readyforsummer“, напишала таа заедно со неколку разголени фотографии објавени на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
На една од фотографиите, актерката носела црвени долни бикини и сина капа, покривајќи го лицето со книга додека стоела покрај работ на базенот. Кејт Хадсон стратешки поставила смајли во вид на сино срце за да го покрие своето голо торзо додека уживала во летните зраци, не грижејќи се за сончевите траги.
На друга фотографија, актерката го покажала својот задник додека одела кон водата во мимијатурни гаѓички.
Додека некои обожаватели одлуката на актерката да се појави топлес пред децата ја нарекоа „евтина“, други ја пофалија за нејзиното тело.