Популарниот 25-годишен канадски пејач Шон Мендес неодамна беше фотографиран во друштво на реалити ѕвездата Чарли Траверс (37 г.) на плажа во Малибу, со што започнаа бројните гласини за нова романса.
Според фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи, парот уживал во заедничките моменти, а младиот пејач и неговата многу веројатно нова девојка носеле само гаќички за капење, односно костим, а 37-годишната Чарли Траверс може да се пофали со затегнато тело
Странските медиуми веднаш стапиле во контакт со претставниците на медиумите на пејачот, но не добиле одговор.
Да потсетиме, Шон Мендес во април беше снимен во страстен бакнеж со неговата поранешна девојка Камила Кабело, со која раскина во ноември 2021 година. Во меѓувреме, Шон Мендес ги подгреа гласините за врска со Хозелин Миранда, која е 27 години постара од него. Шон Мендес и Хозелин Миранда беа видени во јавноста неколку пати претходно оваа година, но никогаш не ја потврдија нивната врска.