ФОТО | Познат украински спортист убиен на фронтот: “Беше светски и европски шампион…“

Минатата недела беше потврдено дека украинските мечувари ќе ги бојкотираат индивидуалните натпревари на Светското првенство што од 22. до 25. јули ќе се одржи во Милано, а на кое ќе учествуваат спортисти од Русија и Белорусија.

Еден од најдобрите украински мечувари Денис Борејко (34 г.) загина во војната против Русија, објави на социјалната мрежа Твитер, Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

Не е познато каде почина поранешниот светски и европски јуниорски шампион во дисциплина меч.

Денис Борејко беше светски и европски јуниорски шампион, интернационален спортски мајстор. Тој беше и основач на клубот во Днепар“, вели во објавата Антон Герашченко.

Од првите денови на руската инвазија во февруари 2022 година, Денис Борејко и помагал на украинската Армија и територијалната одбрана на Днепар, а во март 2022 година доброволно се приклучи на украинските вооружени сили“, објаснува во објавата Антон Герашченко.

Според последните податоци што во март ги обезбеди министерот за спорт и претседател на Националниот олимписки комитет Вадим Гуцеит, во војната загинале 262 украински спортисти, а уништени се 363 спортски објекти.

војнаРусијаспортУкраина