Познатата двојка Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори се под истрага од полицијата откако беа фатени на камера во компромитирачка положба за време на нивниот одмор во Италија.
Имено, за време на романтичен одмор во Венеција, Канје Вест е забележан со гол задник на чамец, додека Бјанка Ценсори клечела пред него.
На другите објавени фотографии, 46-годишниот американски рапер се гледа како седи на задното седиште со спуштени панталони додека 28-годишната Австралијка ја потпира главата во неговиот скут. Работите се чинеше дека се вжештија кога Бјанка Ценсори е на колена, а потоа е забележано како раперот и ја држи нејзината глава додека пловат низ Венеција.
Се добива впечаток и дека воопшто не им е гајле дали некој ќе ги забележи, со оглед на тоа дека биле опкружени со други пловила исполнети со туристи, а сите имале совршен поглед на парот за време на нивната љубовна сеанса.
Daily Mail може ексклузивно да открие дека тамошната полиција го идентификувала возачот кој ги возел низ Венеција и се очекува да биде испрашан во следните неколку дена за да се утврди што точно видел на чамецот. Полицијата бара и фотографите да ги предадат фотографиите кои го обиколија светот.
„Постојат стандарди на јавна пристојност до кои треба да се придржуваат и туристите и локалното население, и секое нивно прекршување е строго казнето. Фотографиите на Канје Вест со спуштени панталони додека се вози во водено такси го обиколија светот. Можете јасно да го видите неговиот начин на однесување, а и добивме поплаки од луѓе кои биле сведоци. Сега успеавме да го идентификуваме водниот таксист и исто така ќе го испрашаме за тоа што го видел. На фотографиите јасно се гледа парот е во интимен чин и дали локалниот обвинител ќе одлучи да поднесе обвинение, а потоа ќе го известиме брачниот пар, најверојатно преку соодветните амбасади. Делото под истрага е дело што е против пристојноста во јавноста и е казниво“, изјавил извор од венецијанската полиција за Daily Mail.
Својот гнев поради нивното скандалозно однесување во јавноста го изразија и венецијанските власти. Тоа не е изненадувачки со оглед на тоа што градот изрекува казни за прекршоци како што се пливање во канали, излети на отворено и слично.
„Без сомнение, она што го видовме од оваа двојка е недостаток на почит кон Венеција, кој е најмагичниот град на светот“, изјавила за Daily Mail, Елизабета Пеше, советничка за јавна безбедност во Венеција.
„Месечниот состанок за јавна безбедност е неминовен и ќе разговара за ова однесување. Венеција е позната како еден од најубавите градови во светот и очекуваме туристите да одржуваат респектабилно ниво на пристојност при посетата. Ваквото однесување во јавноста не е она што ние или милиони туристи кои доаѓаат овде секоја година сакаме да ги видиме. Се надеваме дека обвинителот ќе изрече парична казна, по што парот добро ќе размисли за нивното однесување доколку во иднина се вратат во Венеција“, рекол извор близок до градоначалникот Луиџи Бруњаро.
Портпаролот на Venezia Turismo Motascafi, компанија која го поседува чамецот на кој се наоѓаше парот, вели дека тие „не биле целосно свесни за инцидентот“. Тие додале дека славниот пар ќе бил исфрлен од чамецот доколку возачот го забележал нивното недолично однесување.
„Возачот морал да внимава на сообраќајот и не ги видел овие безобразности, доколку ги видел, веднаш ќе ги растоварал и ќе ги пријавил прекршителите кај надлежните“, додава тој.
Италијанската компанија за изнајмување забележала дека „трето лице во водното такси“, кое се возело со раперот и неговата сопруга, му го блокирало погледот на капетанот кон задниот дел на чамецот, а тие потоа им забранија на парот да ги користи нивните бродови во иднина.
„Ние целосно се оградуваме од таквите постапки и однесување. Господинот Канје Вест и неговата сопруга сигурно нема да бидат добредојдени на ниту еден од нашите бродови во сопственост“, велат тие.
Оваа забрана не е прва во последно време, имајќи предвид дека Бјанка Ценсори неодамна предизвика контроверзии во Италија поради нејзината модна појава. Имено, минатиот месец Италијанци се пожалиле во полиција дека 28-годишната жена се шетала „практично гола“ во јавност.
Успеала да избегне парична казна поради ова, но доколку биде осудена за непристојно однесување на јавно место, може да се соочи со парична казна од 5.000 до 10.000 евра.
Раперот и моден дизајнер, за кој се верува дека стои зад сите контроверзни изданија на Бјанка Ценсори, и неговата нова муза прв пат беа романтично поврзани во јануари 2023 година, само неколку месеци откако беше финализиран неговиот развод со риалити ѕвездата Ким Кардашијан.
Двојката се венчаше на приватна церемонија во Беверли Хилс во јануари, околу два месеци по финализирањето на разводот на раперот. Но, законитоста на тој брак се доведува во прашање бидејќи не поднеле извод од венчаница.