Познатата турска актерка Бергузар Корел, која остана запаметена по улогата на Шехерезада во серијата „1001 ноќ“, неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои повеќе не е бринета.
Имено, актерката се одлучила за поинаков изглед за новата улога во серијата, а за пригодата ја обоила косата сина. Актерката изјавила и дека е возбудена поради серијата и ја цитирала нејзината улога во оваа серија:
„Запомнете, ниту еден криминалец не може да побегне од милиони“, рече Бергузар Корел.
Станува збор за новата серија „Дугум“ која ќе се прикажува на видео платформата Prime во Турција. Според актерката, серијата е всушност првиот локален детективски трилер на Амазон, а премиерата ќе биде прикажана во 2024 година.
Недолго потоа таа сподели и фотографија на која позира потпрена на маса во бела јакна и маица, а во описот на фотографијата напиша:
„Драга Неслихан, ќе се дружиме малку, добредојде.
Потсетуваме, оваа 40-годишна актерка потекнува од познато турско актерско семејство, а првата улога ја одигра во серијата „1001 ноќ“ која постигна светска слава. Публиката од Македонија ја памети токму по таа серија.
Таа глумеше во серијата „1001 ноќ“ заедно со актерот Халит Ергенч каде глумеа партнери. Недолго потоа, тие станаа пар во реалниот живот, по што се венчаа во 2009 година и сега имаат заедно три деца, синовите Али и Хан и ќерката Лејла.