Чистачот на стадионот на Интер Мајами добил отказ откако ги прекршил клупските правила бидејќи бил фатен како бара автограм од легендарниот фудбалер Лионел Меси.
Колумбиецот Кристијан Саламанка пристигнал на својата смена на клупскиот стадион додека клубот се подготвувал за нивниот натпревар против ривалите Орландо Сити во рамки на Лига купот. Тоа било неговата прва смена во компанијата за чистење, а воедно и последна.
Тој бил задолжен за чистење на просторот во близина каде што требало да пристигнат двата клуба пред почетокот, во „Форт Лодердејл“ арената, а уште тогаш забележал дека има можност да се сретне со својот идол, Кристијан Саламанка се подготвил да го облече дресот на Аргентина под неговата униформа.
Ѕвездите, вклучувајќи ги Серхио Бускетс и Жорди Алба, набрзо го напуштија автобусот, но Лионел Меси бил последниот што го напуштил додека клубот влегувал на стадионот. Кога се појавил Аргентинецот, Кристијан Саламанка успеал да го привлече неговото внимание викајќи по него, а притоа откривајќи го неговиот скриен дрес.
„Морав да ги исчистам бањите во секторот каде што се паркирани автобусите“, изјавил Кристијан Саламанка за тамошните медиуми.
„За среќа бев надвор кога пристигна автобусот и сите играчи излегоа. Последен беше Лионел Меси. (Јас) му викнав: ‘Еј, светски шампион!’, Се сврте и ме погледна. Ја зедов мојата униформа и имав дрес од репрезентацијата на Аргентина и маркер одоздола“, открива Кристијан Саламанка.
Кристијан Саламанка брзо добил отказ, но се чини дека не се кае откако ја плати цената за неговиот контакт со еден од најголемите во историјата на фудбалот.
„Ми даде автограм. Веднаш дојде обезбедувањето, ме извадија и ме избркаа, но вредеше секоја секунда!“, тврди тој..
Излегува дека политиката на неговиот работодавец е вработените да не им пречат на ѕвездите на клубот за автограми или фотографии додека работат.