Камила Мороне (26 г.), манекенката која стана позната ширум светот поради врската со Леонардо ди Каприо, продолжува да го привлекува вниманието на медиумите и јавноста, а не само поради нејзината мината врска.
Иако гласините и теориите за нивното раскинување беа присутни и пред нивната романса, завршувањето на нивната долгогодишна врска се случи токму кога Камила Мороне го прослави својот 25-ти роденден, а тоа дополнително го привлече вниманието на јавноста.
Иако повеќе не е во врска со познатиот актер, на Камила Мороне не и треба партнер за да биде во центарот на вниманието, бидејќи самоуверено зрачи и го привлекува вниманието. Неодамна таа е забележана во Њујорк без шминка, што изненади многумина, но и воодушеви.
Додека шетала, Камила Мороне е фатена во едноставна облека која го истакнува нејзиниот природен изглед. Таа изгледа прекрасно во лелеавиот миди црн фустан, кој е совршен за топлите денови. Покрај тоа, таа носела и убави патики на бренодт „Adidas“, кои се актуелен хит на сезоната.
Без претеран накит, освен едноставни нараквици, и со пуштена коса, Камила Мороне воодушеви со својата природна убавина. Покрај успешната манекенска кариера, таа се појави и во неколку филмски продукции, а последната глумеше во драмата „Daisy Jones & The Six“.
Камила Мороне продолжува да привлекува внимание со својот изглед и талент, бидејќи кариерата ја гради и на модната писта и на екранот. Нејзиниот безвременски стил и природна убавина ја прават стилска икона која многумина ја следат и се восхитуваат на нејзиниот понатамошен напредок.