Поранешниот тенисер Роџер Федерер и неговата сопруга Мирослава Мирка Федерер моментално уживаат на летен одмор во Италија, а фотографите ги уловија како се качуваат на брод и уживаат во разгледувањето на локалните продавници.
Роџер и Мирка најпрвин си размениле неколку насмевки и зборови на глисерот, а потоа тргнале да ги видат местата на крајбрежјето кои се многу популарни меѓу туристите.
Мирка за патувањето облече кратко фустанче со сино-бели детали, а косата и ја врза во опавче, додека Роџер облече бели панталони и црна маичка, кои ги усогласи со темни патики.
Роџер и Мирослава се запознале во 2000 година на турнир во Сиднеј, а таа професионално се занимавала и со тенис. Кариерата ја откажа во 2002 година поради повреда на стапалото, но подоцна истакна дека не жали и се посветила на семејниот живот. Двојката се венчала на имот во близина на Базел во април 2009 година, а близнаците Мајла и Шарлин се родени истата година. Пет години подоцна, семејството доби уште едно изненадување кога Мирка ги роди близнаците Лени и Лео.
Роџер никогаш не криел колку е вљубен во убавата Словачка и еднаш открил дека не може да замисли ниту еден ден без неа.
„Одбивам да спијам во кревет ако жена ми не е во него. Секогаш сакавме деца, но не сакам да спијам одвоено од неа во друга соба или на друг кат. Повеќе би сакал да спијам со деца што врескаат отколку без Мирка“, признал тој.
Роџер поради кариерата морал многу да патува, па токму затоа тој и неговата сопруга решиле да ги школуваат децата дома, за најмалите да одат со нив каде и да треба.