Поранешниот италијански фудбалер Андреа Пирло и неговата партнерка Валентина Балдини уживаат во летниот одмор на шпанската Форментера, остров кој припаѓа на архипелагот Балеар.
Се чини дека одморот добро му дојде на поранешниот фудбалски ас со оглед на тоа што Андреа Пирло неодамна доби отказ од позицијата менаџер на турскиот клуб Фатих Карагумрук.
Парот престојува на луксузна јахта на која неговата девојка ја покажа својата завидна фигура. Токму поради оваа русокоса, Андреа Пирло во 2014 година го заврши својот 13-годишен брак со Дебора Роверси, со која имаше две деца.
Андреа Прило и Валентина Балдини се запознале во неговиот голф клуб. Во тоа време таа била во брак со Ричард Гранде Стивенс, син на еден од сопствениците на Јувентус, но не и требало долго време да побара развод за да биде со славниот фудбалер.