Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во пресрет на неговото пристигнување пред федералниот суд во Вашингтон каде што денес ќе се изјасни за обвинението со кое се товари за обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, изјави дека му е чест што е уапсен.
„Одам во Вашингтон за да ме уапсат поради испрашување за корумпираните, наместени и украдени избори. Почестен сум затоа што ќе ме уапсат поради вас. Ајде да ја направиме Америка повторно голема!“, порача Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа.
Доналд Трамп додаде дека му треба „уште едно обвинение“ за да ги обезбеди изборите односно победата на следните избори.