Министерството за внатрешни работи денес објави фотографија и опис за Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Северна Македонија.
„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје.
Опис: висина 175 cm, тежина 58 kg, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ‘Ајфон‘ (IPhone)“, пишува во објавата на МВР.
Министерството за внатешни работи презема интензивни мерки и активности за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска откако вчера во 08:35 часот нејзината мајка пријавила дека се сомнева дека е исчезната.
„За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери“, информираат од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат да не се шират дезинформации и дека постојано ќе ја информираат јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.