За време на страшното невреме што попладнево ја зафати Словенија, едно лице го загубило животот во Блед, потврдиле за веб-поралот 24ur од тамошната полиција.
Имено, според непотврдени информации, станува збор за помлада жена која загинала кога врз неа паднало дрво, а во тој момент бил повреден и еден човек. Како што се наведува во објавите на словенските медиуми, станува збор за тешки физички повреди.
При денешното невреме кое се прошири низ Словенија, причинета е голема материјална штета.
Град со големина на тениско топче е забележан во месноста Бела Краина, кој ги уништи речиси сите покриви во селото Приложје.