ФОТО | ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ФОТОГРАФИЈА ОД ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ – Убиецот планирал да ги сокрие трагите со такси возач, но бил уапсен пеш на улица !?

Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, вечерва е уапсен на територијата на Република Турција, официјално потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На вонредна и ненајавена прес-конференција министерот Оливер Спасовски откри дека Љупчо Палевски преку Србија заминал во Бугарија, а потоа во Турција, каде што бил уапсен додека се шетал по автопатот во близина на градот Баликесир.

Оливер Спасовски покажа и фотографија од тоа како изгледал Љупчо Палевски кога бил фатен во Турција од страна на органите на прогонот.

Љупчо Палевски – Палчо

(Љупчо) Палевски со ‘Skoda‘ бил возен до Белград и каде бил сместен во хотел. Потоа со ‘Range Rover‘ преку Бугарија бил пренесен во Турција во градот Баликесир. Нашите службеници се сретнаа со нивниот оперативен извор, кој ги информираше дека оттаму сака да оди во Истанбул. Со таксист се подготвувал да оди во Истанбул. Вака се обидел да симулира дека оди во Истанбул, но останува во Баликесир, каде што е уапсен на автопатот одејќи пеш“, открива тој.

За потсетување, „Во Центар“ попладневно ексклузивно и први во државата, објавивме каде престојувал Љупчо Палевски – Палчо во Белград и со какво возило бил пренесен од главниот град на Србија до Бугарија од каде што заминал во Турција.

Оливер Спасовски ја покажал и потврдата дека лицето е уапсено, а која му ја доставиле колегите од Турција.

Очекуваме брзо да биде испорачан во Македонија. Против лицето, таткото Вање Ѓорчевска, е поднесена кривична пријава, Александар (Ѓорчевски) е во 48-часовен притвор, по што ќе биде поднесена кривична пријава“, посочи Оливер Спасовски.

Почитувани граѓани и новинари. Денеска е поднесена кривична пријава против пет лица, која вчера беше соопштена, едно за киднапирање и убиство, три за киднапирање и помагање во убиство и едно за помагање. Она што сакам да ви го кажам лично, како човек и граѓанин на Македонија, е дека од нашите колеги од Турција добивме информација дека главниот организатор и непосреден извршител на овој страшен чин на нивна територија е уапсен. Ова беше последната алка од овој монструозен синџир“, посочи првиот човек на МВР, Оливер Спасовски на вонредната прес-конференција.

Оливер Спасовски откри и дека на територијата на Скопје се пронајдени два пиштоли за кои се чека вештачење, а се сомнева дека се користени за време на грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска.

Овој монструм е виновен за двојно убиство, по него беше распишана меѓународна потерница (Љ.П.) за киднапирање и убиство. Црвена потерница. Но, врз основа на нашите оперативни сознанија за тоа каде се движи патеката, не застанавме тука, туку ја продолживме билатералната соработка за фаќање на чудовиштето. На територијата на Скопје се пронајдени два пиштоли за кои се чека вештачење. Вања има прострелна рана, но обдукцијата ќе одговори на сите прашања“, откри Оливер Спасовски, детал што дополнително ја шокираше јавоста во Македонија.

Вања ЃорчевскаЉупчо ПалевскиМакедонијаМВРОливер СпасовскиСкопјеТурцијаубиство