Телевизијата Телма ги објави првите фотографии од местото каде бил запален автомобилот во кој бил киднапирана малата Вања Ѓорчевска (14 г.), која подоцна на монструозен начин беше убиена.
На фотографиите се наоѓаат односно гледаат остатоците од возилото „Citroen“ кое било користено во ова монструозно злосторство.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претходно на прес-конференција откри дека Вања Ѓорчевска била киднапирана во влезот од зградата во која живеела.
Таа била принудена да влезе во гепекот на овој автомобил со врзани раце и нозе, откако била ставена во вреќа за спиење. Главниот одговорен односно убиецот на 14-годишната девојка, Љупчо Палевски – Палчо побегна, а МВР работи на негово враќање во државата, додека уапсени се три лица.