ФОТО | Премиерот Димитар Ковачевски на традиционален божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек што го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Како што соопштија од владината прес – служба, на традиционалниот божиќен ручек, претставниците на владино – државниот врв споделија пораки со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА за сплотеност и единство во име на просперитет и посветла иднина.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан го организира божиќниот ручек секоја година во чест на божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

Димитар КовачевскиМакедонијаМПЦ-ОА