ФОТО | Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот Пендаровски честитајќи му го новиот мандат на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му посака успешно извршување на одговорната функција. 

Шефот на државата изрази подготвеност за продолжување на одличната билатерална соработка и македонско-турското пријателство и партнерство кое се гради и унапредува низ соработката на нашите институции, бизниси и граѓани, соопшти Кабинетот на претседателот. 

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва за нов петгодишен претседателски мандат.

Се колнам во мојата чест и интегритет пред големата турска нација и историја дека ќе го зачувам постоењето и независноста на државата, дека ќе се придржувам до Уставот, владеењето на правото, демократијата, принципите и реформите на Ататурк и принципите на секуларната република“, кажа Ердоган на церемонијата на инаугурација во Парламентот во Анкара.

Ердоган, кој е лидер со најдолго владеење во Турција, победи на неодамнешните претседателски избори.

Во вториот круг освои 52,2 отсто од гласовите и со тоа го победи противкандидатот Кемал Киличдароглу.

МакедонијаРеџеп Таип ЕрдоганСтево ПендаровскиТурција