Примерот на 89-годишна баба која во доцните години од животот за прв пат решила да направи нешто е вистински хит на социјалните мрежи во регионот.
Имено оваа 89-годишна баба решила за прв пат да оди на море и вели дека никогаш не е доцна за некои работи во животот! Иако по неколкудневно размислување, таа секако не зажалила за својата одлука и тврди дека – „сè беше возбудливо како во старите времиња“.
Марија Пољак (89 г.) од Света Марија во Хрватска напорно реборела и цел живот се грижела за семејството. Одгледа две ќерки и син, па денес е горда баба на шест внуци и прабаба на седум правнуци. Животот што го поминала работејќи на полињата и донел многу возбуда. Сепак, таа никогаш немала можност да оди на море до сега!
Марија Пољак на почетокот на август конечно решила за прв пат да оди на море! Сосема нов, морски свет и се отворил во последната фаза од животот за прекрасната баба која е хит на Интернет, која не ни мислела дека нејзините денови од оваа возраст во животот ќе станат толку возбудливи.
Марија Пољак, која поради здравствени причини денес живее со својата ќерка Славица во Доња Дубрава, била убедена да оди на море од нејзиниот внук и ќерките Славица и Нада, со кои отишле на море, осум дена на островот Вир.
„Две недели пред да замине на море, мајка ми беше толку возбудена што не можеше ни да заспие. Беше загрижена како ќе биде, малку ја фати паника, размислуваше дали да оди или не. Но, кога дојде на морето, убаво и беше! Не можевме да ја извадиме од вода“, изјавила нејзината ќерка Славица за хрватските локални медиуми.
А зошто никогаш не отишла на море ? Баба Марија објаснила дека животните околности биле такви што не ни помислувала на море или за одмор.
„Кога бев млада, немав можност да одам на море. Тоа беа различни времиња. Луѓето работеа многу и се занимаваа со земјоделство, немаше автомобили и не се одеше на море… Подоцна станав вдовица и не ни помислував да заминам на море“, изјавила 89-годишната баба.
Патувањето било малку заморно за неа, но сонцето и морето ја воодушевиле и позитивно влијаеле на неа.
„Патувањето беше малку заморно, но ништо страшно. Сакав да бидам на сонце и на море, што имаше многу позитивно влијание на мене. Едноставно сум воодушевена! Тоа е поинаква клима, лековита вода… Прекрасни плажи! Би сакала повторно да одам таму и се каам што посакувам да не се осмелив порано да одам во ваква авантура!“, објаснила баба Марија која ги освои срцата на сите на Балканот со нејзината приказна и додала: „Би им препорачала на другите постари жени, доколку се во можност, да одат на море и да уживаат!“.