Истражувачите на длабочините на морето во саботата објавија дека ги лоцирале остатоците од јапонскиот брод „Montevideo Maru“ од Втората светска војна, кој бил торпедиран во близина на Филипините а животот го загубиле речиси 1.000 Австралијци.
Бродот, кој бил потопен на 1. јули 1942 година од американска подморница чиј екипаж не знаел дека носи воени затвореници, бил пронајден на длабочина од повеќе од четири километри, според информациите објавени Фондацијата „Silentworld“ – поморска археолошка група која ја организирала мисијата.
Потонувањето на бродот „Montevideo Maru“ е најтешката поморска катастрофа која се случила во Австралија, при што животот го загубиле 979 австралиски граѓани, вклучително и најмалку 850 војници.
Во бродот имало и цивили од Велика Британија, Данска, Естонија, Финска, Ирска, Холандија, Нов Зеланд, Шведска, САД и Соломонските Острови.
Вкупната бројка на загинати е околу 1.060 воени заробеници.
Јапонските воение сили ги заробиле кога пристигнале кај крајбрежниот град Рабаул во Папа Нова Гвинеја.
„Почивалиштето на изгубените души од бродот ‘Montevideo Maru‘ конечно е пронајдено“, изјавил премиерот Ентони Албанес.
„Меѓу 1.060 затвореници на бродот имало 850 австралиски војници – нивните животи биле скратени поради овој настан“, стои во објавата на премиерот на социјалните мрежи.
„Се надеваме дека денешните вести ќе донесат утеха на нивните најблиски“, додава тој.
По пет години планирање, тимот за пребарување започнал да го бара потонатиот брод во Јужното Кинеско Море северозападно од најголемиот филипински остров Лузон, на 6. април.
Остатоците нема да бидат отстранети од морското дно, на длабочина поголема од потонатиот брод „Titanic“, поради почит кон семејствата на загинатите, соопшти Фондацијата „Silentworld“, и додава дека од морското дно не смеат да се вадат артефакти или човечки остатоци.