ФОТО | Рамзан Кадиров повторно се заканува, но наместо да звучи ‘страшно’ изгледа смешно: “Голема војска е подготвена што може да ги освои Полска и Франција. И потоа…“ – погледнете!

Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, објави на социјалната мрежа Твитер фотографија од чеченскиот весник Grozny Inform во кој чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека е подготвена голема војска што може да ги освои Полска, Франција и да стигне до Германија.

Специјалните сили Ахмат, составени од три дивизии, се голема сила способна да ги окупира Полска, Франција и да стигне до Германија. А тоа ќе се случи во блиска иднина доколку противниците не ја сменат тактиката“, изјавил првиот човек на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.

Во коментарите некои веднаш го забележаа непознавањето на географијата од страна на Рамзан Кадиров.

Може да ги „окупира“ Полска и Франција, но само до Германија ќе „стигне“? По кој пат планираат да одат ?“, прашуваат корисниците на социјалната мрежа.

Антон ГерашченкоРамзан КадировЧеченија