Најмалку 18 лица се ранети рано во четвртокот во руски напад врз украинскиот пристанишен град Миколаев, соопшти регионалниот гувернер Виталиј Ким, додека властите во Одеса потврдија нови напади во регионот.
Тензиите околу украинските пристаништа на Црното Море ескалираа откако Русија предупреди дека од четврток ќе ги разгледа бродовите што влегуваат во морето како потенцијални воени цели.
Патем, Москва се повлече од договорот кој обезбедува безбедно поминување на украинските пратки со жито низ Црното Море.
„Трикатна станбена зграда е погодена во центарот на градот Миколаев, а службите за итни случаи спасија две лица од урнатините“, напиша Виталиј Ким во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Претходно градоначалникот на овој пристанишен град посочи дека имало убиени, но во следните пораки не даде информации за ова.