Ѕвездата на платформата за возрасни OnlyFans, Кортни Тилија (35 г.), која вели дека е голема христијанка, признава дека се чувствува уште повеќе поврзана со својата вера откако ја започнала својата „света порно кариера“ пред седум години. Таа сега верува дека Бог ја испратил на земјата за да им помогне на жените „да се ослободат од сексуалниот срам“.
„Божјата порака беше многу јасна: Јас сум тука за да бидам порно ѕвезда. Ова е мојот начин на услуга“, кажала таа во интервју за Daily Star.
Мајката на четири деца претходно работела како професорка во средно училиште, но во еден момент сфатила дека нејзиниот живот нема смисла и дека поради тоа страда нејзината духовност.
„Пред да го напуштам образовниот сектор, се чувствував многу одвоено од себе и од Бог. Не знаев која е целта на мојот живот или како да им помагам на другите“, отворено признала секс бомбата од Лос Анџелес.
Таа потоа во 2016 година, собрала храброст и ја заменила училницата со профил на OnlyFans, со поддршка од нејзиниот сопруг Ник.
Отпрвин се срамела од своите секси постапки, а потоа полека сфатила дека причината за нејзината вина е нејзиното строго христијанско воспитување.
„На почетокот и самата чувствував сексуален срам. Се сеќавам дека бев на фотосесија на која учествуваа неколку порно ѕвезди и бев толку возбудена. Ги чувствував пресудите кои општеството и религијата ми ги всадија и бев многу свесна за нив“, објаснила таа.
„Тој дел од мене чувствуваше дека тие сексуални избори и изрази се погрешни и неморални. Дури и се чувствував виновна за таа асоцијација во тоа време – но не беше како Бог да ми кажа дека морам да се чувствувам така“, продолжила бринетата.
Наскоро, нејзината кариера на OnlyFans тргнала во нагорна линија, а нејзините обожаватели и помогнале да се ослободи од срамот.
Овластена од радоста што им ја донела на новите претплатници, како и од убавата сума на пари на нејзината банкарска сметка, Тилија ја препознала својата нова кариера како дел од Божјиот план.
„Сега отфрлам секое учење или институција што го прикажува Бог како ентитет од кој треба да се плаши или да му се суди. Бог сака, не се плаши, и тој е за прифаќање, а не за осуда“, заклучила таа.