Откако Новак Ѓоковиќ оствари две победи на почетокот на Вимблдон и се пласираше во третото коло, медиумите започнаа да пишуваат за мистериозната убавица која седеше во неговата ВИП ложа.
Сопругата на тенисерот, Јелена Ѓоковиќ, децата Тара и Стефан, тренерот Горан Иванишевиќ и тенисерот Карлос Гомез-Ерера седнаа во ложата со девојка чија убавина веднаш беше забележана од сите гледачи.
Српските весници пишуваат дека се работи за дадилката на децата на Новак Ѓоковиќ.
Кога Новак и Јелена барале дадилка, детално ги провериле сите информации за кандидатките, пренесува Nova.rs, а наводно многу им биле важни препораките од поранешните работодавци и познавањето на јазикот.
Дадилката на нивните деца први ја забележаа медиумите во Торино, а сега пристигна и на Вимблдон. Нејзиниот идентитет се уште не е познат, но децата очигледно ја обожаваат.