Џеф Безос и Лорен Санчез организирале раскошна свршувачка во средата со ексклузивна група пријатели на мега-јахтата на милијардерот, дознава магазинот Page Six.
Магазинот открива дека на забавата, која се одржала во Позитано, Италија, била „интимна“ и присуствувала само „мала група“. ВИП гости биле Бил Гејтс и неговата девојка Пола Херд, американската претприемачка Венди Мардок и филмската и телевизиската продуцентка Фабиола Беракса Бекман.
Не се знае што одлучила да облече Лорен Санчез, бидејќи таа и Џеф Безос очигледно стратешки го избегнувале папарацо објективот. Сепак, минатата недела парот приреди прилично шоу на мега-јахтата вредна 500 милиони долари додека пловеше во Капри, Италија.
Инаку, 59-годишниот Џеф Безос беше снимен на 27. јули како се качува на палубата врз својата 53-годишна свршеница и страсно ја бакнува. Заљубените гулаби беа видно приврзани еден за друг и многу расположени.
Page Six во мај ексклузивно објави дека Џеф Безос ја запросил Лорен Санчез со прстен од 20 карати по 5-годишна врска со поранешната ТВ водителка. „Приватниот“ предлог наводно се случил некаде во Шпанија пред да се упатат на југот на Франција на Канскиот филмски фестивал.