Карванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска ги посети општините Струга, Охрид, Дебарца, Центар Жупа, Кичево и Македонски Брод.
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска беше во Македонски Брод, каде со граѓаните разговараше за реализираните мерки и политики во делот на економијата.
„СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи постојано презема ефикасни и успешни економски политики што даваат резултат. Минатата година ја завршивме со рекорден износ на странски директни инвестиции, а пред неколку денови се потпиша договор за нова странска директна инвестиција вредна 205 милиони евра, што е најголема странска инвестиција во независноста на нашата држава. Реализираме и стратешки проекти во инфраструктурата, преку изградба на делниците од коридорите 8 и 10 Д, во вредност од 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 650 милиони евра ќе завршат во домашните компании“, порача Лукаревска.
Во Кичево беа Размена Чекиќ и Славица Грковска. Тие им порачаа на кичевци дека унапредувањето на кредитниот рејтинг на нашата држава од негативен во стабилен од страна на агенцијата „Фич“ е дополнителна потврда за успешноста на мерките и политиките на СДСМ.
Во општина Охрид беа претседателката на Форумот на жени, Јована Тренчевска и Марко Ѓорѓиевски.
„Грижата за сите категории граѓани, е врвен приоритет за СДСМ. Во време на криза ги помогнавме најранливите, реализиравме сетови мерки вредно 760 милиони евра. Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари, а пензиите пораснаа за 16 отсто за само една и пол година. Преку Гаранцијата за млади и Оперативниот план за вработување за 2023 година создаваме можност за нови врабоптувања, преквалификации или платени пракси за младите лица. Тоа е нашиот влог во граѓаните и така ќе продолжиме“, порача Тренчевска.
Во Струга, Методија Димовски и претеничката Жаклина Лазаревска истакнаа дека со релизацијата на делниците од коридорот 8, граѓаните од оваа општинаќе добијат поквалитетни услови за живот и работа, подобра поврзаност, посигурни патишта, што позитивно ќе влијае врз локалниот економски развој.
Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ, денеска претседателот на партиската комисија за земјоделство, Трајан Димковски беше во Центар Жупа, а Даниела Рендевска беше меѓу граѓаните на општина Дебрца.
Димковски пред присутните посочи дека СДСМ во изминатиот период постојано покажува што значи партнерски однос со земјоделците.
„Поддршката што ние како Влада ја даваме кон земјоделците е навремена и постојана. Во 2023 година имавме рекордна исплата на субвецнии кои земјоделците, дополнително, воведовме нов модел на субвенционирање со кој за првпат воведовме авансна исплата на дел од субвенциите. За успешноста на нашиот домаќински пристап говори и фактот што ние сме земја лидер во регионот по искоритеност на средствата од ИПАРД 2 програмата и се подготвуваме за почетокот на новата ИПАРД 3 програма, каде имаме 62 отсто зголемување на неповратните европски средства, односно нови 97 милиони евра кои стојат на располагање на нашите земјоделци. Тоа е директна поддршка за зголемено домашно производство“, истакна Димковски.