Џенифер Лопез (54 г.) во новата кампања за италијанскиот познат бренд за долна облека Intimissimi успеа да им го забрза пулсот на многу обожаватели.
Пејачката и актерка ги разголи своите облини во минијатурните креации на колекцијата наречена „This is Me… Now“, чие име е инспирирано од нејзиниот претстоен албум.
„Името на колекцијата ја сумира суштината на нејзината еволуција, саморефлексија и вистинското самоприфаќање. Палетата, со извезени детали и квалитетни материјали како свилени ткаенини и рафинирани врвки, обезбедува луксузна привлечност и неспоредливо сетилно искуство“, се вели во соопштението на компанијата.
Има и еден нежен детал – колибри.
„Овој симбол, ценет по неговите конотации на среќа, издржливост и енергија, има длабоко значење за неа. Нејзиното вклучување дава дополнително значење, внесувајќи ги парчињата во колекцијата со својата единствена суштина“, се истакнува во соопштението.