ФОТО | СЕКУНДИ ПРЕД КАТАСТРОФА – СВЕТОТ ПОДЕЛЕН ПОРАДИ КОНФЛИКТОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК – Муслиманите ширум светот на улица, а нападот врз Појасот Газа само што започна!

Во петокот низ Блискиот Исток и на други места низ светот се одржуваат демонстрации за поддршка на палестинскиот народ, додека Израел продолжува со одмаздничките напади врз Појасот Газа по бруталните напади врз Израел од страна на палестинската исламистичка организација Хамас.

Еврејските заедници во Франција и на други места, исто така, планираат поворки за да покажат солидарност со Израел по најсмртоносните напади на Хамас врз Израелците.

Во источен Ерусалим, џамијата „Ал Акса“ е во центарот на протестите.

Хамас, владетел на Појасот Газа од 2007 година, но кој Европската унија, САД, Јапонија, Канада и Египет го сметаат за терористичка организација, ги повика Палестинците во петок да застанат во знак на протест против израелското бомбардирање на енклавата, да маршираат до џамијата „Ал Акса“ во источен Ерусалим.

Џамијата „Ал Акса“ на ридот на храмот во Ерусалим е третото најсвето место за муслиманите по Мека и Медина, но Ерусалим е и свет град за припадниците на јудаизмот.

Планирано е да се одржат собири надвор од Блискиот Исток, па затоа се најавени во Рим, Минхен, Истанбул, Белград и други градови за поддршка на Палестинците изложени на бомбардирањето во Појасот Газа.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас како одмазда за најсмртоносниот напад врз цивили во израелската историја, кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата и дивееја низ израелските градови во саботата. Израелските власти соопштија дека бројот на загинати внатре во Израел се искачи на повеќе од 1.300. Повеќето се цивили убиени во своите домови, на улиците или на забава.

Властите во Појасот Газа соопштија дека повеќе од 1.500 Палестинци биле убиени, а над 6.000 ранети во одмазднички израелски воздушни напади.

Во Варшава, главниот рабин на ПолскаМихаел Шудрих, треба да води екуменска молитва за мир во самиот центар на градот.

Членовите на француската еврејска заедница треба да се соберат во најголемата синагога во Париз во петок попладне.

Во Париз во четвртокот вечерта, француската полиција употреби солзавец и водени топови за да го растера забранетиот собир за поддршка на Палестинците, а претседателот Емануел Макрон ги повика Французите да се воздржат од можноста за увоз на конфликтот меѓу Израел и Хамас во нивната земја.

Владата на Емануел Макрон претходно ги забрани пропалестинските протести со образложение дека тие лесно можат да предизвикаат нарушување на јавниот ред.

Германските власти очекуваат бран антисемитски напади врз еврејски објекти во Германија, како и протести пред амбасадите на земјите кои го поддржуваат Израел, пред се САД, објавија во петокот германските медиуми, известувајќи дека властите ги зајакнуваат безбедносните мерки.

Неколку стотици граѓани и Палестинци кои живеат во Босна и Херцеговина се собраа во четвртокот вечерта во Сараево во знак на поддршка на палестинскиот народ по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток поради терористичкиот напад на Хамас врз Израел.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот изјави дека нема да дозволи никаков собир за поддршка на терористичките организации и додаде дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на вера или потекло.

војнаГерманијадемонстрацииИзраелПалестинаФранцијаХамас