Познатата пејачка, Селена Гомез (31 г.), во саботата со пријателите уживала во морето и сонцето, а следбениците ги воодушеви со завидниот изглед.
Фотографиите и видеата таа ги сподели на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а пејачката носела розови бикини кои ги истакнале нејзините облини.
Таа носела бикини под тексас комбинезон кој имал дупчиња на колената. Покрај тоа, таа се одлучила за златно ланче и обетки, а на рацете имала и неколку прстени и розов маникир.
Во еден момент, таа стави бела лента на косата додека позирала со пријателите, вклучувајќи ја и нејзината најдобра пријателка Конар Френклин.
Селена Гомез моментално е слободна, а минатиот месец на социјалната мрежа Тик Ток се шегуваше за својот љубовен статус.
„Не сум во врска!“, извикала пејачката додека седела на страна на фудбалски натпревар, а видеото го сподели на социјалната мрежа и додаде: „Малку барам, но многу ќе те сакам“.
Ова е нејзина прва објава поврзана со нејзиниот љубовен живот откако во март беше поврзана со музичарот Зејн Малик. Пред тоа, таа беше видена на романтична вечера со Дру Тагарт од „The Chainsmokers“ во јануари. И покрај гласините, Селена Гомез ужива во својот соло живот.