ФОТО | “СЕМЕЈСТВАТА СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ НАДВОР ОД ЗГРАДАТА…“ – Погледнете како изгледа најтажното место во Израел

Опсадна состојба владее во форензичкиот центар во израелската воена база Шура во регионот Рамле. Камиони полни со мртви тела постојано пристигнуваат од пограничните заедници во Појасот Газа. Повеќето од цивилите беа убиени или загинаа за време на крвавите напади организирани од Хамас во саботата.

Според експертите во центарот, поради огромниот број на трупови, а во некои случаи и нивната лоша физичка состојба, идентификацијата може да потрае и до пет дена.

Семејствата со часови чекаат надвор од зградата. Некои се откажуваат по 24 часа кога ќе сфатат дека процесот ќе потрае“, изјавил еден волонтер, цитиран од странските медиуми.

Голем број вработени и волонтери од недела работат деноноќно. Тие едвај успеваат да се справат со огромното количество мртви тела.

Сите тела на жртвите се донесени во базата, која е и седиште на Армијата. Има претставници од голем број организации, вклучувајќи ги Командата на Домашен Фронт, израелската полиција, Одделот за полициска форензика, Националниот центар за судска медицина („Абу Кабир“), Министерството за внатрешни работи и неколку непрофитни организации.

Телата се носат во голем, наменски изграден центар кој се користи за идентификација на мртвите.

Никој во Израел не можеше да сонува дека ќе ни треба толку големо место“, рекол волонтерот.

Поставени се шатори и донесени се контејнери за ладење со полици за да се справат со големиот број тела.

Зголемен е бројот на камиони кои пристигнуваат во последните два дена, откако им беше дозволено да влезат во погодените заедници за да ги соберат телата. Првите повици ги добивме во саботата наутро. Нашите волонтери отидоа во областа и почнаа да ги собираат телата во нивните приватни возила. Во саботата навечер, по празникот, во 23 часот, беше направена првата табела во Excel за исчезнати лица“, изјавил Јизраел Моргенштерн, претседател на волонтерската Национална единица за спасување „360“.

Откако камионите ќе пристигнат во центарот, волонтерите ги растовараат телата и започнува процесот на идентификација.

Волонтерите и другите луѓе кои се занимаваат со собирање тела мора да се борат со тешки сцени и страшни искуства. Еден од нашите волонтери мораше да разговара со едно семејство и не можеше да поднесе. Моравме да донесеме психолози и психијатри во 4 часот наутро за да му помогнат. Тој никогаш не се врати“, рекол Јизраел Моргенштерн.

војнаИзраелПалестинаПојас ГазасмртХамас