Килијан Мбапе продолжува да предизвикува вознемиреност на социјалните мрежи објавувајќи двосмислени пораки во врска со потенцијално најголемиот трансфер ова лето.
На денот кога се шпекулираше дека Реал Мадрид може да влезе во преговори со ПСЖ, Килијан Мбапе објави своја фотографија на социјалната мрежа Инстаграм со многу мистериозна порака, како што пренесува Marca.
Француската суперѕвезда сподели песна наречена „Special“, од пејачот Дејв во соработка со Тиакола. Секако, нема ништо чудно во тоа, но медиумите се фатија на првиот стих од песната, кој гласи:
„J’suis un Top Boy, transfert à prix élevé comme Moisés Caicedo à London“ („Јас сум топ момче, скапо како потписот на Мојсес Каиседо во Лондон“). Секако, тој се осврнува на еден од најпознатите трансфери ова лето, средниот бек Мојсес Каиседо кој од Брајтон замина во Челзи за 130 милиони евра.
Покрај тоа, Килијан Мбапе ја украси својата објава со три смајлиња кои уште повеќе ги подигнаа очекувањата: бомба, две раце кои се поздравуваат и запален пламен. Само што беше објавена таа фотографија, на Интернет почнаа да го преплавуваат секакви коментари.
Покрај тоа, за да биде интригата уште поголема, Тиакола, француски рапер чие вистинско име е Вилијам Мундала, со бело срце одговори на мистериозната објава на Килијан Мбапе. Досега се чинеше дека Реал Мадрид ја комплетирал трансфер листата и дека не планира дополнителни комбинации – особено не со ПСЖ – но оваа објава на еден од најдобрите светски фудбалери започна нови шпекулации.
Во Шпанија преодниот рок трае до полноќ на 1. септември, па им останува уште многу малку време…