ФОТО | Сергеј Лавров откри се: “Руските власти  ја истражуваат вмешаноста на западните служби во бунтот на Вагнер!“ – се споменува и висок функционер од САД !?

Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, изјави дека властите во земјата истражуваат дали западните специјални служби биле вмешани во бунтот организиран од платеници од приватната воена група Вагнер во Русија во саботата.

BBC наведува дека ова го објавила руската медиумска агенција ТАСС, која ја пренесе и информацијата на Сергеј Лавров дека американскиот амбасадор во Москва „давал сигнали“ дека САД не биле вмешани во бунтот на Вагнер кои преминале во Русија од фронтот во Украина и дека тоа што се случило се руски внатрешни работи.

Како што кажа рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање во саботата, против нас беше лансирана целата воена, економска и информативна машина на Западот“, тврди Сергеј Лавров.

Сергеј Лавров

Претходно, ТАСС објави дека не е завршена кривичната постапка против Евгениј Пригожин, првиот човек на групата Вагнер кој беше обвинет за започнување вооружен бунт. Ова денес за руската медиумска агенција го потврди извор од Државното обвинителство на Русија .

Кривичната постапка против Евгениј Пригожин не е завршена. Истрагата продолжува“, открил неименуваниот извор.

Евгениј Пригожин

ТАСС наведува дека вооружениот бунт во Русија се казнува со затвор од 12 до 20 години.

Руските медиуми објавија дека според договорот склучен меѓу Евгениј Пригожин и Кремљ, со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Евгениј Пригожин во саботата попладне им наредил на Вагнер да го прекинат нападот врз Москва, а тој самиот добил дозвола да ја напушти Русија и да замине во Белорусија без кривично гонење.

Дејвид Петреус, поранешен директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и пензиониран генерал на американската Армија, процени дека Евгениј Пригожин треба да биде многу внимателен кога е близу отворени прозорци во неговата нова средина во Белорусија.

БелорусијаВагнервојнаЕвгениј ПригожинКремљРусијаСергеј ЛавровУкраина